Уште еден ѕид во Велика Британија

По изградбата на ѕидот помеѓу автопатот и (поранешната) бегалска населба наречена  џунгла, сега се гради и ѕид околу бензинската пумпа Марсел-Дорет за да се спречи емигрантската имиграција со камиони во Велика Британија.

Проблеми со имигрантите во Па-де-Кале, каде што камионите преминуваат во Велика Британија долго време биле огромен проблем за возачите, бидејќи имигрантите на секој начин се обидуваат да влезат во камиони  за да стасаат на Островот. Во обид да ги спречат имигрантите да влегуваат во камионите, пред две години, Обединетото Кралство финансираше 2,5 милиони евра за изградба на ѕид од четири метри меѓу автопатот и населбата “џунгла”, која во меѓувреме се распадна и имигрантите беа преселени.

Сепак, тоа не ги спречи обидите на имигрантите да продолжат да упаѓаат во секој камион каде што можат, затоа последниот обид е да се изгради ѕид од околу три метри околу бензинската пумпа Марсел-Дорет, каде што камионите запираат пред да се качат на ферибот. Иако повеќето возачи имаат инструкции дека не смеат да запрат барем 100 километри пред Кале без никаква голема потреба, некои сепак имаат потреба да застанат што отвара можност можност да се качат  “слепи патници”. Останува да се види дали овој ѕид ќе вроди со плод и ќе им помогне на возачите да ги избегнат непријатностите предизвикани од несакани патници.