Казни за исклучување на системот за спречување можноста да се налета на друго возило

Германското Министерство за транспорт најави промена во легислативата за да овозможи казнување на возачите кои во нивните возила го исклучуваат системот за спречување на судир со друго возило.

Предлогот на новиот закон предвидува можност за казнување на возачите кои со брзина над 30 км / ч  го исклучуваат системот за помош во спречување на можноста за судир со друго возило. Оваа иницијатива се должи на зголемениот број на несреќи предизвикани од возила во кои системот беше исклучен. Возачите го исклучуваат овој систем, бидејќи во случај на возење веднаш зад возилото напред, системот постојано предупредува дека е премногу блиску до возилот што е пред него, а во некои ситуации, исто така, можат да иницираат автоматско сопирање. Предлот законот се очекува да стапи во сила оваа година.