Најстариот DAF камион е A1600 од 1968 година.

Пред неколку месеци, по повод 90-от роденден, DAF покрена иницијатива по најстариот DAF камион, кој сеуште е во употреба. Победникот е A1600 од 1968 година.

Во текот на акцијата, DAF беше преплавен со пријави од сопственици на камиони од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, но тие камиони не ги исполнија најважните критериуми: тие мора да бидат во редовна употреба.

Гордиот сопственик на најстариот камион на DAF, кој сеуште се користи во бизнисот, е семејната компанија Hoefnagels, која со своите камиони DAF го пренесува луна паркот низ цела Холандија. Таткото и синот, Фриц и Ники Хоефнагелс имаат дури четири стари камиони на DAF во совршена состојба.

Нивниот најстар камион, кој исто така е победник на натпреварот, е A1600 од 1968 година, кој сеуште е во совршена состојба. “Се разбира, ние ги користиме секој ден, исто како и секој друг камион”, вели Фритс, “Иако има 50 години, нашиот A1600 е далеку од пензионирање”.

“Имаме два A1600, еден од 1968 и уште еден од 1969 година. Има уште 1600 од 1971 и 2800 од 1975 година. Ги користиме за транспорт на нашиот лунапарк од пролет до есен, единствено не ги користиме во текот на зимата, кога паркот е во гаража”.