14.000 километри низ Јужна Америка

Како дел од лансирањето на новата генерација во Јужна Америка, Scania со два S500 камиони помина над 14.000 километри од јужниот дел на Бразил до Перу.

Покрај средбата со луѓе со нов камион, целта на ова патување беше да се укаже на важноста на одржлив транспорт за зачувување на животната средина преку зголемена ефикасност, воведување на паметна логистика, употреба на обновливи извори на енергија за намалување на емисиите на CO2. Scania успешно ги совлада непрегледните предели на Бразил и Аргентина, снежните врвови на Андите и жешката пустина Атакама.

Експедицијата вклучуваше:

  • 54 градови,
  • камионите ги возеа 14 возачи,
  • температурите се движеа во опсег од -7 до 41 степени
  • се наоѓаа и на 5.000 метри надморска височина,
  • 230 дрвја беа засадени.

Една од целите на патувањето беше да се најдат луѓе кои го посветиле својот живот на зачувување на загрозените растителни и животински видови во сите земји (Бразил, Аргентина, Чиле и Перу).