Hella воведе нов шоу камион за годинешната сезона – MAN TGX во карактеристичната жолта Hella боја, опремена со најсовремени светлосни решенија специјално развиени за комерцијални возила.
Највпечатливи детали се новите светилки на Shapeline кои овозможуваат уникатен изглед на секој камион. Модуларниот систем овозможува да се вклопи задната светилка од индивидуални модули со различни форми и да се создаде уникатен “светлосен потпис”, секако, во согласност со законските одредби. Hella нуди Tech и Style дизајн, а на шоукамионот му е вграден Style изведбата и истиот светлосен потпис е исто така сместен во внатрешноста на кровниот спојлер, на врвот од кабината.
Покрај тоа, на долните рабови на кабината се поставени работните светла “Q90 компактни LED” во серијата Thermo Pro, чии специјални рефлектори овозможуваат хомогено осветлување на непосредната околина на возилото. Задниот ѕид на кабината е опремен со работна сијаличка “Flatbeam 1000 LED” која со агол од 45 степени го осветлува просторот околу камионот и се специјално дизајнирани да помогнат при прикачувањето на приколката.
Четири “Luminator LED” рефлектори од втората генерација, со најсовремена LED технологија се монтирани на кровниот нозач од предната страна и служат како позиција и долго светло. Покрај нив се поставени две “K-LED Blizzard” ротирачки светла. Предниот носач има дополнителен рефлектор “Rallye 3003 LED”, а светлосниот потпис на предната страна ги комплетира шест светлосни светла на Shapelin.
Тука треба да се биде внимателен, бидејќи Hella укажува дека некои од производите или нивните комбинации не се во согласност со германската (ECT) и европската (ECE) регулатива и дека ова е илустрација за техничките решенија и можности.