Правилната позиција на спојлерот на покривот што го регулира протокот на воздух помеѓу влекачите и полуприколките може да ја намали потрошувачката за повеќе од 1%, а Scania неодамна воведе прекинувач на инструмент таблата со кој спојлерот лесно се прилагодува.
За Elofsson, експертот за аеродинамика во Scania тврди дека неисправната висина на спојлерот од само шест сантиметри може да предизвика зголемување на потрошувачката на гориво од 1%, а ако е 10 см, тогаш потрошувачката може да се зголеми и до 1,5%. Досегашната пракса беше уште при испорака, да се постави спојлерот во висината на најчесто користената полуприколка, односно спојлерот да биде малку над предниот раб на полуприколката, иако и за таа одлука би требало да се бара посериозно пресметување, а проблемите се јавуваат кога ќе се закачи приколката, чија висина отстапува од онаа, на кој е поставен спојлерот. Со помош на прекинувачот, возачот лесно може да ја прилагоди висината на спојлерот и бидејќи не е лесно да се одреди оптималната положба, во Scania препорачуваат, дека, ако не сте сигурни, подобро е спојлерот да е малку над рамката на полуприколката, отколку обратно.