Од Холандија низ Русија до Јапонија

Јапонскиот оператор TransWeb ги донесе своите две нови Scania во Јапонија од Холандија поминувајќи 13.000 километри, а целата приказна траеше скоро еден месец.

TransWeb веќе има 40 камиони на Scania, а двете нови S 410 беа превземени во Холандија на крајот од септември, кај производителите на приколки Van Eck каде тие ги докомплетираа композициите. Оттаму тие прво заминаа во Хановер, на саемот на ИАА, по што продолжија да патуваат низ Полска, Литванија, Латвија и Русија. Секој камион имаше по двајца членови во екипажот, кои, во текот на патувањето се менуваа во просек на секои 600 километри на ден, иако беа денови кога тие можеа да проминат и по 900 километри.

Откако пристигнале во Владивосток, камионите биле транспортирани со фериброд за Тотори, од каде што ја започнале последната дестинација долга 900 километри до Токио, каде што е сместена централата на TransWeba. За да биде уште потешко е фактот дека  камионите се прилагодени за јапонскиот пазар, што значи дека тие се прилагодени за возење од лево и имаат десна страна, додека во сите земји низ кои се поминува се вози на десната страна. Караванот на конечната цел пристигна кон крајот на октомври.