Укинати забраните за камиони кај Буково, Ѓавато и на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила преку на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, како и на патот Струга – граничен премин Ќафасан, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Во сила се забраните за движење на камиони на патиштата крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку  Пресека, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.