Iveco и Scania во конзорциум за ширење на LNG

Конзорциумот кој го сочинуваат Iveco, Scania, Shell, Iveco Capital, DISA и Nordsol најавува понатамошно проширување на мрежата станици за полнење во Европа, како и фабриката за bioLNG гас во Холандија.

Изградбата на 39 нови бензиски пумпи за LNGе најавена одзападот на Шпанија, па се до источна Полска, која ќе им обезбеди на станиците за полнење уште подобра покриеност, при што најголемето растојание помеѓу станицата би било 400 км. Секој од членовите на конзорциумот има свое поледејствување, така што Iveco и Scania произведуваат возила и финансиски обезбедуваат поволни услови за купување LNG возила, Shell се фокусира на инфраструктурата, додека Nordsol ќе произведува BioLNG,

BioLNG EuroNet истакнува дека ова е еден од начините за постигнување на целта за намалување на емисиите CO2, при што BioLNG е неутрален со многу мала количина на NOX и цврсти честички. Покрај тоа што помалку загадува, LNG исто така е и поевтино гориво, а најавеното укинување на патарините за возила на LNG во Германија дополнително ќе ги зголеми заштедите поврзани со употребата на ова гориво.