Scania ќе ги испорача првите камиони со пантограф

Во Германија следната година започнува тестирање на камиони со пантографи на јавни патишта, а за таа цел Scania ќе испорача вкупно 15 специјално опремени возила.

Откако проектот беше претставен во септември во Салонот за комерцијални возила во Хановер, со почетокот на следната година ќе започне и тестирањето со пантографи на јавните патишта во Германија. За таа цел, во три германски федерални држави е изградена (или е во процес на изградба) посебна инфраструктура, односно електрични линии: Хесен, Шлезвиг-Холштајн и Баден-Виртемберг.

Scania ќе го испорача првото од вкупно 15 возила во мај следната година и е хибридна верзија на моделот R 450, кој исто така ќе има електромотор кој ќе се напојува од мрежа над автопатот заедно со стандарден дизел мотор. Тестовите најпрво ќе започнат во Хесен на автопатот А5 во должина од пет километри во близина на Дармштат, каде што работите за изградба на мрежа веќе се завршени. Сименс опрема е инсталирана на оваа локација, а партнерите и за другите две локации ќе бидат избрани во март.

Во Проектот се вклучени и превозниците, па така во Хесел возилата ќе ги користат компаниите од Шпедиција Шанц и Мејер Логистик, додека за северниот дел од Шлезвиг-Холштајн партнер ќе биде Шпедиција Боде.Тука е планирано и да се и истражи начинот на интегрирање на електромагнетиката во интермодалниот транспортен синџир кој ќе вклучува и железнички и транспортни услуги.