Прв Volvo FH LNG во Германија

Првиот Volvo FH LNG во Германија беше предаден на логистичката компанија Ф.А. Крузе од Брунсбител, а поради укинувањето на патарина за гасни камиони, нивниот интерес за Германија значително се зголеми во текот на изминатите неколку недели.

Крузе му е лојален на Volvo веќе 35 години и  во возниот парк имаат само возилата на овој шведски производител. Сопственикот на компанијата, Фридрих А. Крусе, истакна дека нивните возила годишно поминуваат по 200.000 километри и очекуваат значителни заштеди, како во трошоците за гориво, така и во цената за патарината, што нема да ја плаќаат во наредните две години.

Испорачаниот модел е Volvo FH LNG со 460 КС и 2300 Nm вртежен момент. Целосниот опсег на возила со целосен резервоар за гас изнесува 1.000 км.