Трикови на српските камионџии за да се остане буден

Деновиве во српските портали се води вистинска дебата за тоа кој е надобар начин да се остане буден. Еве дел од тие трикови:

  • Удирање шамари сам на себе
  • Пуштање на најгласно турбо фолк музика
  • Пеење
  • Пиење хектолитри кафе и ред бул
  • Отварање прозори за да смрзнат на кратко……

Меѓутоа кога сето тоа не помага, почнуваат да си ги корнат влакненцата од носот.

Таа болка, зборуваат овие помладите, е 100% проверен лек против поспаноста.

А, оние постарите и поискусните, кои веќе се превртувале некаде кај Јагодина на рамниот дел од патот, застапуваат друго старо камионџиско правило кое вели дека единствениот лек против сонот е да се паркирате на првата бензинска, да ги спуштите завесите, да се оптегнете на креветот и отспиете колку е возможно, пола час, час или три…

И потоа да продолжите полека до својата цел….