Патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за камиони поради снежни врнежи

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир се воведува забрана во 19,50 часот за тешки товарни возила.

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Делчево- граничен премин  Делчево се воведува од 20.15 часот задолжително употреба на зимска опрема (ланци) за тешки товарни возила, информираат од АМСМ.

Патниот правец Дреново – Прилеп од 17 часот е затворен за сообраќај за тешки моторни возило поради обилни врнежи од снег.

Од 17 часот сообраќајот на магистралниот пат – А2 Куманово – Крива Паланка е пуштен наизменично за сообраќај.