Камиони на гас две години без патарина во Германија

Следните две години, камиони со природен гас (CNG и LNG) нема да плаќаат за патарина во Германија, а потоа ќе плаќаат помал износ од оној што се наплатува  за дизел камионите.

Моторите кои работат на природен гас (CNG и LNG), за наредните две години, односно од 1 јануари 2019 до 31 декември 2020 година, Германија ги ослободи од наплата на патарина. На истиот начин од патарините се изземени и електричните камиони.

По 1 јануари 2021 година, патарината што ќе ја плаќаат камионите кои работат на природен гас ќе се однесува само на делот за инфраструктурата и додатоците за бучава, а нема да им се наплатува надоместок за загадување на воздухот. Според последните податоци во Германија, биле регистрирани 339 гасни камиони.

Дел од патарина што треба да се плати за инфраструктурата:

Делот што плаќа за загадувањето: