Нов Iveco Daily 4×4

Од 1984 година, Iveco го нуди својот Daily со погон на сите тркала, а најновата верзија на Daily 4×4 е претставена на IAA во Хановер.

Новина е тоа што сега, покрај 3.5 и 5.5 тонски верзии сега се нуди и 7-тонска верзија на максималната дозволена маса (4.300 kg носивост), како варијанта со фургон, односно комбе. Исто така се нудат нови меѓуоскини растојанија и двојни тркала на задната оска, а максималната должина на надградбата е зголемена на 5 метри. Иако Daily нуди исклучителни карактеристика за на терен, Iveco има дизајнирано погон со двојно тркало за употреба на пат (on-roud), a за екстремни патишта (off-road) се препорачуваат возила кои се изведуваат со едноструко тркало.

За возење се користи познатиот  3.0 – мотор со 180 КС, а новина е дека покрај постоечкиот  6-брзински мануелен менувач се нуди и можност за вградување на автоматскиот менувач, 8-брзинскиот Hi-Matic. Поради редукцијата, достапниот број на брзини е двојно поголем и постојат можности за блокирање на сите три диференцијали.

Со оглед на тоа дека се нудат поголем број изведби за надградба и автоматски преноси и со истовремено едно намалување ( пред тоа беа две), може да се каже дека Daily 4×4 стана повеќе разноврсен и покорисен и помалку екстремен, но сепак се уште далеку надмоќен на теренот од се што може да понуди конкуренцијата.