Намалена потрошувачка за 13 проценти

Следејќи ги концептните модели на Optifuel Lab и Optifuel Lab 2, студијата на Renault Trucks Optifuel Lab 3 планира да ја истражи можноста за намалување на потрошувачката на гориво за 13 проценти.

Концептот е базиран на Т-серијата и ги комбинира различните технологии или подобрувања во областа на аеродинамиката, гумите, предвидување на возење , подобрена искористеност на енергијата и намалување на трошоците на погонскиот систем.

Аеродинамиката е оптимизирана за целото возило, а најголемата добивка е на приколката која (со заклопени тркала и дефлектори) автоматски ја прилагодува својата форма ако има слободен простор во товарниот простор. Задниот дел на полуприколката може да се спушта, што во голема мера го подобрува протокот на воздух и го намалува отпорот.

Кај влекачите, задните ретровизори се заменети со камери, “носот” е малку напред, а носачите се специјално дизајнирани. Постојат специјално дизајнирани браници за кал, странични дефлектори, како и спојот помеѓу влекачот и полуприколката.

При совладувањата на отпорот нагумите во движење односно на нивното тркалање одат до 25% од потрошувачката на гориво, затоа Michelin разви специјални гуми со намален отпор на тркалање. Предвидната контрола на патувањето е исто така оптимизирана за следење на брзината на возилото, системот за ладење на возилото и потрошувачката на енергија. Исто така се користи и посебно масло со ниско вискозност, како и дополнителна искористување на топлинска енергија со користење на Ранкин циклус (со обични зборови кажано, парна машина која ги искористува остатоците од издувните гасови).

Renault Trucks Optifuel Lab 3 следната година започнува со првите тестови за да видат  дали нивните предвидувања за 13 проценти помалку потрошувачка на гориво се точни.