F-Max е “Меѓународен камион на годината 2019”

Новиот Ford Trucks F-Max ја освои престижната награда “Меѓународен камион на годината 2019” и за првпат наградата припадна на производител кој не е од западна (или северна) Европа.

Жирито, составено од претставници на 23 магазини од цела Европа, му додели на F-Max 126 поени, со што се престигна Scania L и P серијата и Volvo FH LNG. Новата современа кабина, најнапредните системи за помош во комбинација со 12,7-литарскиот Ford Ecotorq мотор и ZF Traxon менувачот, беа одлучувачки во освојувањето на најголем број поени.

Ова е моќен поттик за напорите на Ford Trucks да го зголемат присуството на европскиот пазар, каде што моделот Cargo веќе некое време е присутен.