Furrion Elysium – All inclusive во 13,7 метри

Камин, џакузи, комплетна кујна, паметен тоалет и паметна туш кабина, дисплеј на допир на сите страни и телевизор со дијагонал од 190cm. Заборавете на велосипедите од задната страна – на покривот  е хеликоптерот – Робинсон R22.

Ова се случува кога на дизајнерите ќе им дозволите одврзани раце. Засега Elysium е само концепт презентиран на CES 2017, но со првите огромни ресурси депонирани на сметката на Furrion веќе нема да биде тоа. Elysium е долг 13,7 м, широк 2,4 м и 4,1 м, затоа и ме да се ке дека ова е вистинската куќа на тркала. Името го дели со СФ филмот од Нил Бломкамп со Мет Дејмон, а во суштина и темата е иста – живот на супербогати во целосно вештачки и изолиран утописки свет! Да  има уште и “горна палуба” би било најфасцинантно рекреативно возило (Aмериканците ја сакаат кратенката RV) во светот, а самиот ентериер е класа над луксузните Пентхаузи.

Што се однесува до удобноста и луксузот, има сè: три големи телевизори, екран кај возачот кој реагира на допир за сите електро-системи и навигација, камери за надгледување, камин, комплетна кујна со индукциона табла, микробранова печка, машина за перење, XXL фрижидер, печка и ладилник за вино. Треба ли да спомнеме фини керамички плочки, горниот тротоар во кабината, огромна спална и тиково дрво со џакузи? Ова е демонстрационно возило, бидејќи Furrion е производител на опрема за кампирање, како што се кујнски апарати, аудио визуелни компоненти и системи за надгледување, а Elysium претставува едноставна демонстрација на нивната технолошка моќ. Најдобар пример е паметниот тоалет што буквално ги предвидува вашите телесни функции.