Нов влекач Ford Cargo

Ford Trucks ќе го претстави новиот модел Cargo во саемот за комерцијални возила на IAA овој месец во Хановер. Камионот е сосема нов производ и ќе го понуди во две ширини на кабината – ширината на базата 2,3 м ќе биде наменета за пократок транспорт, дистрибуција и изградба, додека поголема кабина од 2,5 метри ќе има рамен под. Оваа кабина е наменета за меѓународниот пазар и во оваа област Форд прави најголем исчекор бидејќи постоечката кабина не беше конкурентна во тој сегмент. Двете кабини ке имаат  воздушно потпирање и може да бидат опремени со два кревети и најсовремена опрема за безбедност.

За возењето ќе бидат задолжени Ford Ecotorq моторите и тоа од сопствениот развој, односно шестцилиндричен мотор кој кај потесната кабина ќе биде во опсег од 400 до 480 КС, додека во поширокита кабина ќе бидат вклучени моторите до 500 КС. Моќта ќе се пренесува преку добро познатиот (и признатиот) автоматски ZF TraXon менувач.