The Lion – Ultimate TGX

MAN ja прикажа  демo верзијата на  Lion, TGX 18.640 со најмоќниот понуден мотор, најголема кабина и огромна количина  на дополнителна опрема.

Овој TGX не може да помине незабележано. Најголемата XXL кабина  привлекува внимание со својата специјална боја на сребрен титаниум  која ги покрива и сите пластични делови кои како стандард доаѓаат во црна боја. Највпечатливиот детал е сликата на разјарениот лав на страничните делови од камионот, како  и трагите од канџите на засенувачот над шофершајбната.

Се разбира, ова не е сè, бидејќи има пошироки гуми, елегантен “лихт-бар” напред и странично и LED рефлекторите на покривот. Возачот и совозачот се качуваат во кабината со чекори изработени од нерѓосувачки челик, а кога ќе се отвори вратата, логото на MAN се проектира на земјата. Кабината е речиси целосно прекриена со беж и црна кожа, од врата до задниот дел, до таванот. Седиштето и управувачот се направени во комбинација со кожа и алкантери, а логото на MAN исто така го има и на наслонот во седиштето…

Моторот е придвижуван од најмоќниот MAN мотор вграден во камионите. Тоа е 15,2-литарски шестцилиндричен D38 мотор кој развива 640 КС и вртежен момент од 3 000 Nm, гарантирајќи импресивни перформанси во сите ситуации. Дополнително, има автоматски менувач со 12 брзини MAN TipMatic PROFI со поставки прилагодени на транспортот на големи растојанија.

Исто така вреди да се напомене и дел од останатата опрема како што се: задните LED светла, предните xenon светла,  efficient roll, efficient cruise, CDC (континуирана контрола на амортизацијата), TPM (притисок во гумите), ACC (Адаптивна контрола на патувањето) и LGS (контрола за возење во ленти).