Lion’s City E пристигнува во 2020 година

MAN ги претстави електричните перформанси на моделот Lion’s City, на кого сериското производство ќе започне за две години.

Електричните автобуси одамна не се новост, а MAN очекува дека во 2030 година, две третини од новите градски автобуси ќе бидат токму на електричен погон. По претставувањето на новиот градски автобус Lion’s City на почетокот на годината, сега беа презентирани и неговите електрични перформанси кои пак на јавноста ќе и бидат  демонстрираат во Салонот на ИАА во Хановер.

MAN Lion’s City E ќе биде понуден во соло и зглобна изведба при што  соло моделот ќе има литиум-јонска батерија со капацитет од 480 kWh, додека зглобните автобуси ќе имаат капацитет од 640 kWh. За возење на соло автобусот се користат два мотори на другата (погонска оска), односно на втората и третата кај зглобниот автобус.

Максималната моќност на двата мотори е 160 до 270 kW, при што секој мотор има 3.000 Nm вртежен момент. Опсегот треба да биде долг околу 200 километри, што треба да биде доволно за целодневна употреба, бидејќи во MAN  не предвиделе полнење на постојките туку само во гаражата со помош на CCS приклучок. Кај 100 kW полнач, времето на полнење е малку повеќе од четири часа, меѓутоа со полнач од 150 kW тоа може  да се намали на три часа.