Унгарија воведе мерење и казнување без запирање

На 1 јуни Унгарија воведе систем за контрола на преоптоварување на камиони чија тежина ќе се мери за време на возењето, а казната за преоптоварување ќе се издава автоматски.

Мерењето се одвива на 107 локации низ Унгарија, а одговрните лица објавуваат дека воведувањето на овој систем ќе го зголеми бројот на проверените камиони од 2% до 50%. Системот ја регистрира масата на камионот преку сензорите монтирани на асфалт, така што товарот на оската и вкупната маса може да се одредат за време на возењето кога камионот поминува низ површината каде што се монтираат сензорите.

Целата постапка се снимаа со камера и ако камионот е преоптоварен, врз основа на регистарската ознака, казната се испраќа до сопственикот. Унгарските превозници апелираа до властите се уште да не се започнува со издавањење на казни,  бидејќи системот не е доволно точен и сигурен, но нивните барања не беа прифатени. Првиот месец од почнувањето со контролите казнети беа само камионите преоптоварени за повеќе од 2% а од 1 јули оваа граница се намали на 1%.

Казните се движат од 90 евра до преоптоварување:

до 5% преоптоварување – 30.000 форинти (90 евра),

од 5 до 10% преоптоварување – 80.000 форинти (250 евра),

од 10 до 20% преоптоварување – 200.000 форинти (620 евра),

од 20 до 30% преоптоварување – 350.000 форинти (1.100 евра),

над 30% преоптоварување – 500.000 форинти (1.500 евра).