Максимум 25 часа на паркинзите во Данска

Данската влада го ограничи максималното задржување на камионите на 25 часа на државните паркиралишта  и ги зголеми казните за нелегално паркирање.

Ова правило стапи во сила на 1-ви јули, што значи дека ќе биде невозможно задржување на камионите на 90 државни одморалишта  во текот на својот 45 часовен одомор, дури и ако возачот на пример е во хотел. Полицијата ќе го следи спроведувањето на декретот, а во исто време се зголемуваат казните за несоодветно и нелегално паркирање на камионите.

Така, казната за нелегално паркирање на локални и државни патишта се зголеми од 510 на 2.000 дански круни, а паркинг на влезот или излезот од паркингот се зголеми од 1.000 до 3.000 круни.

Данските власти истакнуваат дека сакаат да ја спречат “номадизацијата” на патиштата во земјата, а министерот за сообраќај, Оле Бирка Олесен, нагласи дека “не е задача на државата на транспортната индустрија да ја обезбедува со слободен простор кој ќе ги задоволи потребите за подолг престој”.

Сè на сè, уште еден проблем за превозниците и возачите.