500.000 Т6 од Хановер

Volkswagen го означи производството на 500.000тиот модел T6 во фабриката во Хановер.

T6 е најважниот модел во комерцијалните возила на Volkswagen и се произведува во три смени во фабриките во Хановер и Познан во Полска. Во изминатата година беа произведени вкупно 208.427 Т6 возила и тоа 175.290 во Хановер и 33.137 во Познан,  што е најмногу од кога воопшто се произведува серијата Т. Производството продолжува да расте и оваа година, така што бројките во споредба со минатата година се зголемија за 4,5 проценти.