Новите Volvo 9900 и 9700

Volvo ги претстави новите модели во класата на туристички автобуси, луксузниот 9900 и мултифункционалниот 9700.

Освен новиот дизајн, новите автобуси исто така се одликуваат и со нова конструкција, која ја намалува тежината за 350 кг. Врвниот модел 9900 ќе биде понуден со две оски со должина од 12,4 m и со три оски во должина од 13,1 m и 13,99 m. Новиот 9900 е висок 3,85 m, односно за 12 cm повисок од претходниот модел и додека во претходната генерација 9900 и 9700 беа на еднаква висина, сега е 9700 е за 30 см понизок.

Автобусите се опремени со нов DAS систем  за предупредување на возачот (Driver Alert Support), како и засилена предна плоча која сега може да апсорбира повеќе енергија во случај на судир. Двата модели имаат 11-литарски D11K мотор кој ќе биде понуден во три нивоа од 380, 430 и 460 КС. Благодарение на помалата маса и подобрата аеродинамика,  можно е и дополнително  намалување на потрошувачката на гориво со користење на предвидената контрола на патувањето I-See. Volvo посочува дека вкупните заштеди можат да бидат до 4%.