Самовозечки автобус се движи низ Гетеборг

Првиот автономен автобус започна со возењето во шведскиот град Гетеборг, а маршрутата ќе му  биде низ кампусот на Универзитетот Чалмерс.

Тестирањето ќе трае четири недели и иако станува збор за кампус наместо јавни патишта, тоа ќе биде драгоцено искуство. Станува збор за мал електричен автобус од локалниот производител на Навија, а името на моделот е Арма.

Автобусот е долг само 475 сантиметри, може да превезува до 11 патници и ќе се движи од главниот влез во кампусот до библиотеката секој работен ден од 8 до 16 часот. Масата на автобусот е 2.400 килограми, а со едно полнење може да издржи 100 километри или да биде во употреба осум часа.