Убав јубилеј – Schmitz Cargobull му ги испорача на TIP Trailer Service 20.000-тата и 20.001-та полуприколка

TIP Trailer Service и Schmitz Cargobull го зајакнуваат своето долгогодишно партнерство.

Нарачките од еден голем клиент имаат тенденција да бидат големи и редовни. Јорг Ирсфелд, раководителот на Меѓународниот менаџмент за големи клиенти на Schmitz Cargobull и Алвин Лурвер, меѓународен директор за големи клиенти Schmitz Cargobull, ги предадоа 20.000-тата и 20.000 и првата  полуприколка на TIP Trailer Service. Истите беа примени од Оливер Банге, Кристијан Петерсен, Нордикс, Даниело Коен и Питер Маркарт, главните менаџери на TIP Trailer Service. Schmitz Cargobull редовно ја снабдува со возила оваа компанија повеќе од дваесет години.

На мала церемонија, јубилејните возила им беа предадени на претставниците на соодветните земји а, како локација беше избран – Стевербург во Ноттулн.

“И нашиот комерцијален успех и лични контакти се зголемија со текот на годините”, истакнува Оливер Банге во врска со партнерството. Овој однос на доверба беше од витално значење за двете страни, особено во последниве години.

“20.000 возила за ТИП не само што одразуваат исклучително позитивно партнерство, туку и богатство на искуство изградено заедно во текот на годините. Ние сме горди на успехот што го постигнавме колективно во последниве години, и ние сме оптимисти за иднината “, објаснува Јорг Ирсфелд.

TIP Trailer Service е една од водечките компании за лизинг на комерцијални возила во Европа. Услугите кои ги нудат вклучуваат сè, од спецификацијата и набавката на транспортните приколки до организирање на финансирање, лизинг, дневно работење, одржување и поправки, покрај набавката и продажбата на користени комерцијални возила. Врз основа на 70 локации низ Европа, нивните производи и услуги се дистрибуираат низ 16 земји.

Со годишно производство на околу 58.000 возила и околу 5.800 вработени, Schmitz Cargobull AG е водечки европски производител на полуприколки и приколки. Компанијата оствари продажба од над 2,0 милијарди евра во деловната година 2016/2017 година. Како пионер во индустријата, северногерманската компанија развила сеопфатна стратегија за брендирање и доследно воспоставува стандарди за квалитет.