Поскапува возењето во Германија

Од 1.1.2019 година на сите државни патишта ќе започне наплата за патарина по повисока цена. Ова најава за покачување на патарината за сите возила со над 7,5 тони  доаѓа по завршување на активностите околу проширувањата на коловозите.

Новиот министер во сојузната влада Andreas Scheuer (CSU) најави дека до 2025 година ќе се приберат дополнителни 2,5 милијарди евра само од приходите на патарините. Како што е познато, границата за напалатата на патарината од 12 тони, како најголема дозволена маса се намали на 7,5 тона, а потоа под наплата беа ставени и поважните државни патишта. Наплатата на патраината  на државните патишта ќе почне да се применува од  1 јули оваа година. Со почетокот на следната година и Еуро 6 возилата ќе мора да ги плаќаат трошоците за  патиштата кои се однесуваат на загадувањето, што сега не е случај туку наплатата сега се однесува само за одржување на инфраструктурата.

Со оваа измена трошоците за Еуро 6 возилата со 4 осовини за најголемата дозволена маса од преку 18 тони би се зголемила за 18,7 центи по километар односно за 59%. Во DSLV (сојуз на транспортери и шпедитори) велат дека кај некои делници, кои вклучуваат комбинација на автопатишта и државни патишта, трошокот  за патарината може двојно да се зголеми.

Министерот Scheuer најави, дека во рамките на промените околу наплатата на патарините, ќе предложи укинување на патарината за електрични возила. Во моментов во германија се регистрирани околу 12.000 електрични камиони, а со оваа мерка нивните сопственици би можеле да заштедат и до 5.000 евра на годишно ниво.