Затвор за манипулирање со тахограф

Во рамките на една рутинска контрола, вработените од регионалната канцеларија  во средна Франција, открија разлика помеѓу километражата кое возилото го извозило и онаа што ја покажуваат инструментите. Утврдено е дека во оперативниот систем на дигиталниот тахограф со манипулации е овозможено да се подеси така што додека возилото вози, инструментите да покажуваа дека возачот има одмор.

Во принцип, како што е и познато, сите манипулации со тахографот, без разлика дали е дигитален или аналоген се сведуваат на „умртвување“ на тахографот, односно да се регистрира одмор, а возачот всушност за тоа време вози. Сите тахографи АВТОМАТСКИ, со првото придвижување на возилото,почнуваат да го регистрираат времето на возењето – возачот тоа не може, односно не би смеел, да има било какво влијание. Сепак, искуството до сега регистрирал многу варијанти на изигрување.

Кај старите аналогни тахографи, тоа се правеше со поместување на часовникот за 12 часа. Возачот во својата кабина или има инсталиран  таен прекинувач па со него го прекинува сигналот за движење на тахографот или со поставување на примарен или електро вентил на сензорот на менувачот итн. Со слични активности се продолжи и со дигиталните тахографи, само сега покрај веќе наведените примери ( кои полесно се откриваат бидејќи дигиталниот тахограф ги памети ваквите случки) се вградуваат цели електронски склопки за манипулирање со тахографот, кои тешко се откриваат освен ако инспекцијата не се послужи со други прашања, како на пример од каде тргнавте, каде танкиравте гориво, каде возевте, кога сабајлево тргнавте и слично…

Вакви манипулации постојат откако постојат и тахографите, меѓутоа, со воведување на дигиталните тахографи тие навики бараат поголема умешност. Меѓутоа и самите корисници станаа поинвентивни па од поставувањето на магнет се до мошне софистицирани измами за кои се потребни висок степен на знаење и опрема.

Доколку полицијата успее да ја открие измамата камионот 5 дена ќе биде запленет, а ќе мора да се плати и казна за повторно доведување на возилото во исправна состојба (вкупно 3.320 евра), додека возачот ќе добие казна од 4,5 илјади евра. Очигледно е дека некои сметаат дека и покрај високата казна од околу 8.000 евра, сепак,  измамата се исплати.