400 камиони со AdBlue емулатори

Од август месец минатата година, до февруари оваа година прегледани се нешто повеќе од 10.000 камиони и кај 388 се пронајден недозволени уреди, односно емулатори. Овој број, односно процент во секој случај е помал од оној со кој располагаат властите во Германија, кои тврдат дека барем 30% од камионите (пред се од источна Европа) користат AdBlue емулатори.

Англичаните исто така нагласуваат дека не постои некоја голема разлика помеѓу домашните и странските возила бидејќи се прегледани 4.339 домашни возила од кои 261 имаа недозволени уреди, додека од 5.898 камиони со странски таблици, мамеа 127. Вака излегува дека домашните повеќе беа „грешни“ од странците. Во агенцијата убедуваат дека уредите, во најголем дел, се најдени кај камионите со Еуро 4 и Еуро 5 мотори, а нешто помалку кај Еуро 6.

Доколку моторот (односно издувниот систем) работи без AdBlue додаток, квалитетот на испуштените гасови е доста лош, а за да тоа не се случува, електронскиот систем кај возилата автоматски ги намалува перформансите на возилото се додека нема AdBlue додаток. Емулаторите се електронски уреди кои ја „мамат“ елктрониката која не може да го регистрира недостатокот од AdBlue додатокот.

Транспортерите се решаваат  на ваков чекор поради намалувањето на трошоците, ама и заради помали трошоци за одржување на  SRC катализаторите, кои во овој случај воопшто не се ни користат. Секако, како последица од некористењето на AdBlue додатокот е лошиот издувен гас кој одговара како на Еуро 1 или Еуро 0 возила.