Volvo FL на струја

Volvo го претстави првиот потполно електричен камион наменет за извршување на комунални и дистрибутивни задачи, а максималниот дофат изнесува 300 км.

По долгогодишно богато искуство со автобуси на електричен и хибриден погон и со произведени над 4.000, Volvo го претстави и првиот комплетно електричен камион. Новото Volvo FL Electric користи некои проврени компоненти, кои веќе се употребуваат кај автобусите, а позитивното при тоа е што веќе се познати како нивното производство, така и сервисирањето.

Новиот камион е реализран на моделот FL и има најголема дозволена маса од 16 тони. За возење се користи електромотор со континуирана силаа од 130 kW (177 KS), односно 185 kW (252 KS) врвна моќ со која, преку двостепена трансмисија и кардан ги придвижува задните тркала. Максималениот вртежен момент на моторот е 425 Nm кој со сите трансмисии (кај моторот и диференцијалот) дава обртен миг за тркалата од 16.000 Nm.

Енергијата се чува во литиум-јонски батерии, што може да биде 2-6, во зависност од вкупниот капацитет од 100 до 300 kWh, или максималниот опсег, кој при инсталирање на максималниот број на батерии е 300 км. Батериите може да се полнат со адаптер за напојување со наизменична струја од 22 kW или со истонасочен полнач од 150 kW полнач. До максимален капацитет на батеријата, полнењето на брз полнач трае до два часа, а кај наизменичен  до 10 часа.