100 автобуси со согорливи ќелии на Toyota

Toyota најави дека до Олимписките игри во Токио 2020 година ќе произведе 100 примероци на автобусот SORA, со погон на согорливи ќелии.

Бидејќи кон крајот на месецот март Toyota ги има добиено  сите потребни сертификати како и хомологацијата за автобусот Sora, веќе може да се рече дека е започната продажбата, а во наредните две години се планира производство на 100 автобуси. Името Sora доаѓа од првите букви на англискиот збор Sky, Ocean, River i Air (небо, океан, река и воздух) со што се симболизира кружењето на елементите кои се користат во технологијата за согорливите ќелии. Инаку се користи технологијата за моделот Mirai, меѓутоа во автобусот се вградени две согорливи ќелии со сила од 2×114 kw(2x155ks).

За погон се користат два изменични синхронизирани мотори 2×113 kW (2×154 KS) додека резервоарот за водород има обем од 600 литри, па автобусот постигнува речиси ист капацитет како да е на дизел. Бидејќи Sora има сопствено производство на електрична енергија мошне интересно е дека таа може да послужи и за напојување на други апарати во случај на природни ктастрофи и слично.

Автобусот е долг 10,5 метри, а може да прими 78 патници (22 места за седење и 56 за стоење). Седиштата се со можност за преклопување што е мошне практично кога не се во употреба да се ослободи што повеќе просторот. Просторот го контролираат 8 камери со висока резолуција што му овозможува на возачот да има детален преглед за целото опкружување, а со тоа и време да ги забележи сите пешаци, велосипедисти или било какви препреки на коловозот.