Во Германија недостасуваат 30.000 паркинг места за камиони

100-те паркинг места кои  се градат на одморалиштата во Münsterland-Ost i Münsterland-West на автопатот A1, само се капка во морето во рамките на хроничниот недостаток од просторот за паркирање на камиони.

Ако изградбата продолжи да тече со вака утврдена динамика, во Германија дури за 20 години може да има доволно паркинг места за камиони и да се каже дека актуелните потреби се задоволени.  Во покраината  Baden-Württemberg како за пример, изминатата година се направени 130 места за паркирање, меѓутоа недостасуваат уште околу 2500.

Сите кои возат низ Германија (но и во другите земји) веројатно  доживеале, кога ќе им истекне времето за возење, да бидат принудени да запрат на некое неприлагодено или опасно место. Доколку сакаат да се сместат на некој паркинг, мораат порано да го прекинат возењето и да си „фатат“место.

На располагање им стојат неколку апликации, како и веб страни, каде возачот може да добие информации за слободни паркинг места во непосредната близина, што донекаде може да им ги олесни работите. Тие апликации се TransParking, TRANSPark, Truck Parking Europe…