Електричен Citaro: низ град без издувни гасови и бучава

Електричните автобуси одамна не се некоја новина, меѓутоа Mercedes-Benz досега ги немал (иако видовме бројни студии вклучувајќи ги и оние со горивни ќелии). Кога големите компании ќе тргнат со таквите проекти тогаш тоа го прават многу темелно и во повеќе сегменти, па така, за само неколку месеци, имавме прилика да ги видиме eVito, eSprinter, aActros и од сега електричен Citaro.

Електричниот Citaro (засега само како соло бус од 12 метри) го користи погонот кој веќе го има eActros, а тоа значи 2 мотори по 125 kW и обртетен вртеж 2×485 Nm. Вкупниот капацитет на литиј-јонската батерија е 250 kWh, во која тие се поделени на 10 модули. Бројот на модулите е флексибилен и секој купувач може да избира колку што мисли дека му се потребни. Во задниот дел се сметени 4 модули, а на кровот од 2 до 6 модули.  Во Mercedes нагласуваат дека минималните достигнувања, во најлошите услови се 150 км, што во реалност може да биде и повеќе, а тоа значи дека електричниот Citaro може да покрие и некои приградски линии.

За ладење и греење се користи топлинска, а внатрешноста може да се климатизира додека автобусот се полни во гаража.