Казни за неделен одмор во возилото низ Европа

Забраната за спроведување на неделен одмор во кабината од возилото, која ја воведоа некои земји како што се Франција, Белгија веќе дигна многу бура, а новина е и дека во споменатитите земји, возачите се казнуваат дури и ако неделниот одмор го реализирале во возилото на територија на некоја друга земја, членка на Европската унија. Значи, доколку возачот одморил на територијата на Хрватска, па во следните 28 дена пристигнал во Франција, ризикува високо да биде казнет бидејќи го прекршил законот. Како што велат во Холандскиот сојуз “Nood en Transport”, кој дава правна помош на транспортните претпријатија, еден возач во Белгија бил казнет со 1.800 евра бидејќи поминал неделен одмор во кабината, а Француската полиција казни двајца возачи со по 750 евра, бидејќи, додека престојувале  во Шпанија исто така го одработиле неделниот одмор во возилото.

Кога полицијата од една земја спроведува казни за дејство на територија на друга земја во која тоа е сосема легално, може да звучи противзаконски, но вистината е сосема поинаква. Всусност Европската директива EZ 561/2006 во член 8, точка 8 вели:

„Кога возачот ќе одлучи тоа да го стори, дневното растојание од одморот и скратеното неделно растојание од одморот, надвор од седиштето, може да се спроведат во возилото, ако тоа има адекватно место за одмор за секој возач, а возилото е во мирување.“

Ако внимателно се чита, тогаш се гледа дека дека не е наведено дека РЕДОВНИТЕ недели може да се поминат во возилото, иако исто така, јасно и не се вели и дека несмее ( во следната варијанта од уредбата тоа јасно ќе биде наведено). Со други зборови, поминување на неделен одмор во возилото на подрачје од Европската унија е забрането повеќе од 10 години, меѓутоа сега почна да се проверува и казнува. При тоа Французите и Белгијанците се повикуваат на ЕУ, која ги обврзува и сите останати членки.

Информација за тоа дека и Шпанија и Данска ќе им се приклучат на земјите кои веќе имаат забрана за извршување на неделен одмор во возилото, значи дека ќе почнат да контролираат и казнуваат. Да се биде возач навистина станува се потешко и потешко, па не е чудно што почнува да се чувствува недостаток од оваа професија.