Повеќе детали за шоферот кој висеше цели два часа (ВИДЕО)

Вистинска холивудска драма се одвивала пред 2 дена на автопатот кај Јагодина (Србија) – пензионираниот пожарникар Миле Савиќ (69), со часови висеше во кабината на својот камион над реката Морава, кога ја проби заштитната ограда од мостот, за на крај да биде спасен од поранешните колеги и неговиот син, пожарникар.

Миле Савиќ го возел својот камион кога околу 06:30 часот се излизгал по патот и ја пробил оградата од мостот на реката Морава во селото Мијатовац, во близина на автопатот Белград-Ниш и останал да виси во воздух.

Бил доволно присебен, во таква ситуација да се јави на својот син Сава и да чека да дојде помош. Бил свесен дека и со најмало помрднување, неговиот живот ќе биде во огромна опасност. И самите спасувачи биле во шок – сцена како на филм: Кабината виси над реката и само ја држи една рачка. Неколку часа подоцна, премрзнатиот возач е спасен од пожарникарите кои со еден кафез доаѓаат до Миле и успешно го извлекуваат. Помеѓу пожарникарите се наоѓа и неговиот син – Сава, исто така пензиониран пожарникар. После тоа, Миле е одведен во најблиската болница.

– Додека висев над Морава, само размислував како да се спасам. Се раскомотив, ги отворив прозорците. Чекав, доколку камионот почнеше да паѓа, да скокам, бидејќи големи се шансите доколку останам внатре, возилото да ме удри, падне врз мене. – изјавил за српски “БЛИЦ” – Миле Савиќ после напуштањето на болницата.