Забрана за камиони на патот Гостивар-Дебар преку Маврово

Воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Дебар преку Маврово поради врнежите од снег.

Авто мото сојузот на Македонија информира дека врнежи од снег има и во Тетово, Маврово, Попова Шапка, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Железнец, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост од 10 до 15 метри поради магла има на Попова Шапка.