Сообраќајот на патиштата по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет има на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските превои Ѓавато и Пресека.

Од ЈП Македонија пат соопштија дека во Крушево има врнежи од дожд и снег, но тие не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.