Првиот електричен автобус во Скопје

Град Скопје склучи договор со фирмата „Чериот електрик бас“, со кој на автобуската линија со број 15 ќе се вози првиот електричен автобус во Скопје.

Овој автобус ќе се обраќа во пробен период од шест месеци, па што ќе се донесе одлука дали градот ќе набави вакви автобуси.

Автобусите на „Чериот електрик бас“ се по цена од 450 до 500 илјади евра, но имаат двојни придобивки во тоа што немаат никакви ремисии на издувни гасови. За првпат по улиците на Скопје ќе вози ваков автобус.

„Станува збор за еко автобуси, за чија набавка во иднина ќе одлучиме. Градот Скопје во буџетот за 2018 година има испланирано 100 милиони денари за модернизација на автобускиот превоз“ – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Автобусот има капацитет од 85 патници и потрошувачката му е значително помала од автобусите кои возат на дизел, односно електричниот автобус троши еден киловат на еден километар. Во случајот со 15-ка која дневно помнинува 300 километри, со електричниот автобус ќе троши 21 евро за цел ден. Во споредба, автобусите на дизел трошат 121 евро за цел ден.