Новиот Спринтер доби преден погон

Покрај новиот надворешен изглед и новата кабина, третата генерација на Спринтер доби и ново решение со преден погон, а најголемиот акцент е ставен на поврзувањето и мултимедијални решенија. Вкупно се нудат 1.700 различни конфигурации на изведби, на погони и големини.

Од 1995 година продадени се повеќе од 3,4 милиони Спринтери, а минатата година (како последна во која имаше полно производство) продадени се рекордни 200.000 возила. Спринетер е најважното Mercedes возило кое се испорачува и неговите нови генерации се важни не само за Daimler, туку и за целата класа на испорачливите возила.

Новиот Спринтер  доби нов изглед кој помалку потсеќа на V класата, меѓутоа иако е помодерен и понатаму е доста препознатлив. Ново е дека покрај страничниот 4×4 погон, сега се нуди и преден погон. Кај предниот погон, моторот е сместен попречно, а кај изведбите со страничен 4×4 погон, по должината. Изведбата со преден погон е полесна за 50 кг и има 80мм пониска ивица за товарње.

Изведбите со преден погон, со новоразвиениот 6-брзински менувач имаат во опција  9 –брзински автоматски менувач, што за прв пат се појавува во оваа класа. Моделите со заден и 4×4 погон исто така имаат рачен менувач со 6-брзини и автоматик со седум брзини. За погон се користи проверен 2,1 литарски мотор, кој се нуди во следните сили од 84 до 130 kW и од 3.0 V6 со 140 kW, а овој е единствен V6 во оваа класа.

Во новата кабина, се е ново, од седиштата до повеќенаменскиот управувач, а посебно внимание Mercedes му посветил на поврзувањето со што Спринтер користи MBUX систем кој за прв пат е прикажан минатата недела, во оваа нова Акласа, а го вклучува и големиот 10,2 инчен екран, со кој може да се управува на допир или со глас, што исто така е прв случај во оваа класа.

Големината на товарниот простор е до 17 кубни метри, а најголемата дозволена маса е од 3,0 до 5,5 тони.

 

Преземено од www.kamion-bus.com