Schmitz Cargobull кој го предводи проектот ТРАНСФОРМЕРС има за цел да допринесе во намалувањето на CO2 емисиите за 25% по тонски километар на коловозот при превоз на стока.
Проектот се базира на три реално возможни адаптации на денешните полуприколки: Со аеродинамична оптимализација, со хибридизација и со прилагодување на капацитетот за товарење во согласност со товарот.
Хибридизацијата ја вклучува регенерацијата на енергијата при кочењето, складирање во батеријата и нејзина повторна употреба за погон на третата оска. Батериите се со капацитет од 22 kWh и се вградени во шасијата од приколката при што со струја го снабдуваат електромоторот со сила од 80 kW и момент на вртежи од 200 Nm. Инсталацијата на хибридниот погон ја зголемува масата на приколката за 1.140 кг и со тоа ја намалува потрошувачката за 3 до 5 проценти.
Аеродинамичната оптимализација вклучува симнување на кровот (ако тоа го дозволува волуменит на товарот), заоблена предна страница, страничната школка и задните дефлектори. Сите овие зафати можат да ја намалат потрошувачката до 8%.
Прилагодувањето на товарниот капацитет со подобро искористување на товарниот волумен во случај на полесна и средно тешка палетизирана стока, со цел да се осигура просторот за 34 еуропалети во една должина или да се товари на два спрата.