Volvo го претстави потполно новиот VNL во Америка

Новиот модел има нов изглед, нова внатрешност и значително унапредена аеродинамика, која со остантите подобрувања, овозмува намалување на потрошувачката за  7,5%.

Во Америка, Volvo продолжува со обновување на понудата, па така по моделот VNR, наменет за регионален превоз, претставена и самоувереноста, односно модел VNL. Овој модел за првпат е претставен во 1996 година, кога се поставени стандардите во својата класа, а Volvo истото го гарантира и за новиот модел.

Новиот модел споделува доста компоненти со моделите од Европа, а во Volvo очекуваат најбаран да биде VNL 760 со 70-инчна кабина за спиење. За прв пат во Америка се воведува и G lobetrotter опрема која ќе се нуди на моделите 760 и 860.

За возење се нуди 13-литарски DC13 мотор, додека во моделите со дневна кабина може да се добие и помал  DC11 мотор.Исто така, купувачите ќе може да нарачаат и 15-литарски Cummins X15 мотор. Сите модели сериски пристигнуваат со автоматизиран Volvo I-Shift менувач.

DC13 мотор се нуди со  TC (Turbo Compnd изведба)  која има механички систем за искористување на издувната топлинската енергија. Резултат на тое се дополнителни 50 KS кои пристигнуваат до коленестотот вратило и ја намалуваат потрошувачката и до 6,5%.

Во согласност со своето реноме, Volvo вгради и многу безбедносна опрема, односно систем кој му помага или го предупредува возачот, односно, ако треба, автоматски регира. Вградени се и нови LED светилки, а кабината е тестирана во случај на превртување, при што, покрај страничното воздушно перниче (кое е единствено на пазарот) за заштита на возачот е вградено и дополнително перниче во седиштето.

Leave a Reply