Schmitz Cargobull сега и во Јужна Африка

Schmitz Cargobull добива 33 проценти од акциите на производителот на приколката GRW Холдинг.

Schmitz Cargobull европскиот лидер во областа на приколките, завзема 33 проценти од акциите на јужноафриканската градежна компанија GRW Холдинг, водечки производител на танкер и приколки во Јужна Африка.

“Како дел од нашата натамошна диверзификација во рамките на  Африканскиот континент, Јужна Африка нуди многу интересен пазар за нас. Економијата во Јужна Африка се опоравува и расте.  Тоа исто така ветува  и  долгорочни , заемно корисни деловни односи меѓу страните GRW и Schmitz Cargobull “, вели Андреас Шмиц , извршен директор на акционерското друштво Schmitz Cargobull за оваа нова констелација.

Веќе од март 2016 GRW и Schmitz Cargobull соработуваат во областа за  развој и формирање на нови возила со ладилнци и структури или тела  на камиони  за пазарот на Јужна Африка.  Тие сега се испорачуваат со Ладилници за транспорт на  Schmitz Cargobull како и со еден сеопфатен телематик-систем.

“Преку партнерството со Schmitz Cargobull  очекуваме значајни синергиски  ефекти од најновата германска технологија во областа на  возила со ладење.  Нашата филозофија е да се  понуди најдоброто  на пазарот” истакнува Герхард Ван дер Meрвe. “Затоа ние се обративме на Schmitz Cargobull, затоа што ние веруваме дека тие ги  произведуваат најдобрите возила за ладење во светот. Овој пристап не доведува до совршени партнери.”

GRW, со седиште во Ворчестер, Јужна Африка, е водечки дизајнер и производител на опрема за транспорт, на нови танкери и приколки, како и давател на услуги  од  различни видови. GRW е основана 1996 година од страна Герхард ван дер Meрвe, Вeнцелl Ван дер Meрве и Roсоу Ван Eеден. Првично, компанијата произведува  танкери. За околу шест години, сепак, развива богато портфолио за различни намени и пазари. За да останат конкурентни  е потребна флексибилност : затоа, компанијата во својата програма го превзема  дизајнот  и производство на ладилници, како и шасијата, со рамно лежечки приколки .

Leave a Reply

Your email address will not be published.