Scania е казнета со 880 милиони евра од Европската комисија

Европската комисија денеска го казни шведскиот производител на камиони, Scania, со 880 милиони евра, поради местење на цените. ЕК наведува дека Scania 14 години договарала цени со други произведувачи на камиони, а казната е и поради пренесување на трошоците за новите технологии за помали емисии штетни гасови на потрошувачите.

Scania е единствена казнета, зашто другите производители од картелот, Iveco, Volvo/Renault, MAN, DAF, Daimler, постигнале договор за порамнување со ЕК, а Scania одбила таква опција.

Еврокомесарката за конкуренција, Маргрет Вестагер, изјави дека со денешната одлука е завршена истрагата водена 14 години.

„Наместо да се договараат за цените, производителите на камиони би требало меѓусебно да се натпреваруваат, исто така, и во еколошките подобрувања“, порача Вестагер.

Како што рече еврокомесарката, картелот на производители на камиони влијаел на значаен број превозници во Европа, зашто над девет од десет средни и тешки камиони продадени во Европа се од Scania и од други брендови од картелот.

Leave a Reply