Scania во рекордна испорака на хибридни возила во Норвешка

Scania ќе испорача 140 автобуси за јавен превоз во Кристиансанд, југозападно од главниот град на Норвешка, Осло. Испораката вклучува Scania Fleet Care, услуга во која Scania презема целосна одговорност за поправка и одржување на возниот парк. Сите автобуси можат да работат на биодизел, а 70 од нив имаат хибридна технологија, што ја прави најголемата испорака на хибридни возила на Scania досега.

“Ова е пример за широк спектар на  одржливи транспортни решенија на Scania”, вели Карин Радстром, виш потпретседател и шеф на автобуси во Scania. “Ние не се фокусираме само  на едно решение, туку на многу повеќе решенија , кои ни помогнаа да ги исполниме барањата на клиентот”.

Испораката вклучува Scania Citywide LE Suburban Hybrid, Scania Citywide LE Suburban и Scania Higer A30 автобуси, секој со голем број спецификации. Сите автобуси можат да работат на биодизел.  Автобусите ќе стапат во употреба во јули 2018 година и ќе бидат управувани од транспортната компанија Boreal Buss во име на операторот за јавен превоз Agder Kollektivtrafikk. Boreal Buss  веќе работи со 170 автобуси во Норвешка.

Договорот, исто така, вклучува и седумгодишен договор за програмата Scania за поправка и одржување на Fleet Care. Fleet Care ја подобрува искористеноста на вкупната флота, обезбедува подобра контрола на трошоците и може да има позитивно влијание врз паричниот тек. Инженерите и техничарите на Scania постојано дијагностицираат и планираат превентивни мерки , со што ќе  се минимизираат пречките  во транспортот.

Покрај тоа што Scania ја има најголемата нарачка  за хибридни автобуси, нарачката исто така го вклучува и најголемиот  автобус на Norsk Scania. Norsk Scania е подружница на Scania во Норвешка, има 45 сервисни центри низ целата земја. Компанијата вработува околу 1.000 луѓе, главно во услужниот бизнис.

Leave a Reply