Mercedes-Benz Daylight+

Mercedes-Benz преку програмата “Daylight+” спроведе детално истражување за влијанието на недостатокот на дневна светлина за возачите и начини како да го надоместат.

Променитеод ден во ноќ, односно светлина и темнина, управуваат со ритамот на живот на земјата, и покрај тоа што сите светлината ја прифаќаат “здраво за готово”, важноста ја забележуваат само кога ја нема. Проблемите предизвикани од недостаток на светлина, одамна се забележени во северните региони, каде што во зима има многу малку дневна светлина, што предизвикува депресија и ја намалува работната ефикасност.

На возачите, сем што возат во сите делови на светот, честопати возати во текот на ноќта, што е особено тешко и опасно. Мерцедесовата програма Daylight+ ја истражуваше можностаза осветлување на кабината кое штоќе ја имитира дневната светлиназа време на возењето и паузите.

Осум возачи во текот на зимата во Финска, една недела возеа камион со конвенционално осветлување, а втората недела камион со кабина со Daylight+ осветлување. Покрај субјективните впечатоци од возачите, користена е и софистицирана опрема со чија помош може да се следи мозочната активност на возачот.

Се испостави дека возењето во осветлена кабина (не во било како, него со светлина со бранова должина од 460 до 490 нанометри), носи многу придобивки за возачот. Пониско е нивото на стрес, возачот помалку се заморува, а за време на паузатаподобро се одмараат, што во крајна линија значи поголема ефикасност и безбедност.

Leave a Reply