Mercedes-Benz го претстави футуристичкиот Vision Van

Mercedes-Benz Vans ја демонстрира својата визија за комбиња на блиска иднина. Тоа се случи на крајот на посебно организираниот настан од германскиот производител Van Innovation Campus во Messe Stuttgart.

Тогаш пропратено со многу дигитални ефекти, светла и звуци на сцената излезе концептуалниот Vision Van – футуристички, уникатен и невиден досега. А Фолкер Морнинвег, директорот на Mercedes-Benz Vans вели дека многу наскоро, уште во 2020 година Комерцијалните леснотоварни возила со трокрака ѕвезда на предната решетка ќе изгледаат вака. Претставениот Vision Van поседува надворешен дизајн со меки и заоблени форми – без никакви рабови и ивици, само една врата од десно, дискретни светла, целосно дигитализирани место на возачот без волан. Ванот на иднината е автономен и константо поврзан со сите информативни текови. Работата на возачот е олеснета максимално, како што се утовар и растовар, коишто се дигитализирани и автоматизирани, а на покривот Vision Van носи дронови …

Стратешката иницијатива adVANce, развиена и следена од Mercedes-Benz Vans, има за цел да ја промени тотално компанијата и понудените од неа производи и услуги во чекор со промените кои се случуваат во дигиталниот свет. Или, како што рече Фолкер Морнинвег, во 2020 година Mercedes-Benz Vans ќе е сосема друга компанија, бидејќи кога светот се менува или се менуваш и ти, или исчезнуваш, а најдобро е ти да ги правиш промените. За целта, Mercedes-Benz Vans ја користи стабилната платформа на своите докажани производи и соработката со иновативни компании и млади луѓе со креативна мисла. За иницијативата во компанијата се вработени стотици нови вработени во Европа и Америка, кои развиваат и тестираат голем број проекти.

За време на Van Innovation Campus во Штутгарт на 10 работни места беа нагледно демонстрирани проекти од стратешката иницијатива adVAN кои веќе се факт и се тестира или работат реално. Се разбира сите беа базирани на комбиња на Mercedes-Benz – Vito и Sprinter. За време на демонстрациите можеше да се види како дронови им помагаат на комбињата и прават брзи и евтини снабдување до тешко достапни места, какошто се градилишта. Или пак како од фургон на ванот излегуваат роботи на 4 тркала и сосема самостојно се движат низ соседството и ги извршуваат испораките до врата. Многу од проектите веќе работат во САД, поставувајќи ја логистиката и снабдувањето со комбиња на сосема ново ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published.