Kassbohrer го претстави новиот K.SCL X+

Германскиот производител Kässbohrer ја проширува палетата со нова полуприколка со трилатерална детекција – K.SCL X +.

Децениското искуство на Kässbohrer во производство на широк спектар на приколки, е основа за создавањето на новата полуприколка, што треба да одговори на потребите на клиентите на компанијата. На прво место е намалување на трошоците и вкупната цена за поседување, што инженерите на Kässbohrer го постигнале со намалување на вкупната тежина на полуприколката.

K.SCL X + е дизајниран да може да биде оптоварена со екстра уште еден тон товар. Со сопствена маса од само 5600 килограми, новиот модел на германскиот производител, чиj сопственик е турската компанија Tirsan, оваа задача е постигната. Oсвен тоа, се подобрува и горивната ефикасност на влечното возило. Внатрешната височина на полуприколката е 2900 мм со можност кровот да се крева.

Kässbohrer K.SCL X + е сертифицирана во согласност со нормативите за безбедност на товарите DIN EN 12642 Code XL, а исто така одговара и на строгите германски норми за безбедност VDI 2700.

Leave a Reply

Your email address will not be published.