Iveco Daily Hi-Matic e Top Van на 2016

Наградата ја доделува Transport News, најголемото списание во Шкотска за патен транспорт и сообраќај.

Претседателот на брендот Iveco Пјер Ланјот доби наградата за време на специјализираниот саем за комерцијални автомобили во Бирмингем, Велика Британија. Новиот Daily што беше награден за меѓународно комбе на годината 2015, доби признание и од друго британско издание – Trade Van Driver, како најдобар автомобил во својата класа – оној на големите спортски автомобили.

Уредникот на Transport News Алистер Валанс му ја врачи наградата на Пјер Ланјот, опишувајќи го Daily Hi-Matic како „иднината на лесните возила“. Но, тоа не се само зборови за пред шефот на брендот. Шкотското списание  го стави Daily 35S13, кој е опремен со ексклузивната осумстепена автоматска трансмисија Hi-Matic, на исцрпувачки тест во околината на Единбург претходно оваа година.

„По денот минат зад воланот на новиот Daily Hi-Matic, убеден сум дека тоа е иднината на лесните возила. Iveco треба да го искористи Hi-Matic. Откако еднаш потенцијалните клиенти ќе седнат зад воланот за тест возење, комбето се претставува сосема достојно“, вели уредникот Џон Хендерсон, кој го тестираше возилото.

Leave a Reply