Традиционалната годишна средба за ЦЕМТ дозволите: TimoCom го наградува „најактивниот клиент во 2016“

TimoCom во рамките на Традиционалната годишна средба за ЦЕМТ дозволите на асоцијацијата на превозниците на Република Македонија “МАКАМ–ТРАНС“, на самото место на настанот во Велес, на шпедицијата „ИТАЛЕУРОМАК ДООЕЛ“ и го додели признанието за најактивен член од Македонија за 2016 година.

Боге Николовски е управител на друштвото основано во 2006 година. Шпедицијата вработува вкупно 20 лица и најмногу е активна на Балканот како и во Западна Европа. Николовски гледа многу предности во најголемата транспортна платформа во Европа:  „Од самиот почеток го користиме TimoCom и многу брзо воспоставивме добри деловни контакти. Со тоа се здобивме со многу добри деловни партнери. Освен тоа, TimoCom е број 1 што се донесува до понуди од проверени партнери во нашите две главни подрачја на делување. Дополнително на тоа, безбедноста, за нас, како и за најголемиот број на фирми, е најбитното нешто во нашата дејност – по ова прашање имаме доверба во TimoCom “. Ана Домановиќ, TimoCom Country Manager South-Eastern Europe, има пофални зборови за активностите на клиентот: „ИТАЛЕУРОМАК ДООЕЛ“ изминатата година на платформата на TimoCom постави вкупно 1.101 понуди на утовари и според тоа ова признание е целосно заслужено“.

Дигитална премиера во Велес

На ВИП Штандот на TimoCom посетителите на традиционалната средба за првпат имаа можност лично да се информираат за новината од TimoCom -TC Transport Order® . Новавата апликација е на располагање од почетокот на Јуни, и ги дигитализира транспортните налози и им овозможува на повеќе од 120.000 корисници на TimoCom директно спроведување на зделки во рамките на транспортната платформа. При тоа профитирате од едноставното вмрежување помеѓу Вас и Вашите партнери, заштедувате драгоцено време и во секое време имате точен преглед врз сите процеси. Налогодавачите имаат можност да побараат понуда за транспорт истовремено кај повеќе даватели на услуги и потоа дигитално да доделуваат транспортни налози. Налогодавачите поднесуваат сопствени понуди за транспорти и со тоа имаат можност за дополнителни зделки.

Голем беше интересот за TC Transport Order® на TimoCom. Сите фирми кои се вклучени во транспортот профитираат од специфичните предности и ја употребуваат новата апликација при секојдневното спроведување на дигиталните деловни процеси.

Повеќе информации за TimoCom ќе најдете на https://mk.timocom.com/.

Leave a Reply